30.03.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, од водите на Охридското езеро, во близина на градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба „М-24“ која датира од Втората светска војна.
Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.
Подготвено од А.Ѓ.