https://www.facebook.com/photo/?fbid=10160777894716007&set=pcb.10160777895391007

17.03.2023 Скопје

Поранешниот австралиски професионален сурфер Блејк Џонстон денеска во Сиднеј го собори светскиот рекорд за најдолга снимена сесија на сурфање.

Џонстон удри во водата на плажата Кронула, јужно од Сиднеј, во четвртокот во 1 часот по полноќ, соборувајќи го претходниот рекорд што го држеше Јужноафриканецот Џош Енслин по 30 часа и 11 минути.

Австралиецот планира да сурфа до вечерва, продолжувајќи го новиот рекорд на повеќе од 40 часа на вода.

Стотици гледачи на плажата навиваа за Џонстон да го собори рекордот.

Џонстон, кој сурфаше на повеќе од 600 бранови за време на својата сесија, парите што ги доби од соборувањето на светскиот рекорд ќе ги распредели на иницијатива за ментално здравје на младите во соработка со фондацијата Шампи Пулин.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author