https://www.facebook.com/Bimilk/photos/a.345980792104018/2069702633065150

06.03.2023 Скопје

Минатата недела Битолска млекара донесе одлука за намалување на цените на јогуртот и млекото.

Од Битолска млекара соопштија дека се намалени цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л. Воедно, истакнаа дека се свесни за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваат во пресрет на потребите на потрошувачите.

Оттаму додаваат дека Битолска млекара, како лидер на пазарот, е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението.

Битолска млекара, исто така, информира дека се решиле на овој потег и покрај тоа што цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година. Од друга страна, пак, на пазарот може да се најде поевтино млеко увезено од други земји, додека сирењето и кашкавалот се поскапи од било кога.

Владата утре на седница ќе одлучува дали ќе има ново замрзнување на цените на некои основни прехрамбени производи. Изминативе денови од Владата соопштуваа дека се прават анализи за замрзнување на млечните производи и тестенините.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author