27.03.2023 Скопје
Македонскиот народен театар соопшти дека по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак.
Во претставата играат првенците на МНТ – Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.
Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската и националната порака по повод Светскиот ден на театарот – автор на светската порака е египетска актерка Самиха Ајуб, а автор на македонската порака годинава е Теута Ајдини-Јегени.
МНТ информира дека билетите за бесплатната изведба на претставата „Само глас“ треба да се подигнат од 14 часот на билетарницата на МНТ.
Подготвено од А.Ѓ.