25.03.2023 Скопје
Белорусија најверојатно ќе биде исфрлена од сите натпреварувања, пренесуваат светските медиуми. За ова, наводно, ќе се разговара на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 4 април.
За оваа одлука во својот говор зборуваше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Многу е можно оваа земја да не учествува ниту во квалификациите за ЕП 2024, кои се веќе започнати, а постои можност да бидат исфрлени од натпреварувањето под капата на УЕФА.
Оваа информација се појави само еден ден пред Белорусите да се сретнат со Швајцарците во Нови Сад, каде го играат првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2024, чиј домаќин ќе биде Германија.
Да потсетиме дека ова барање први го испратија претставници во Европскиот парламент од сите политички партии. Како причина тие ги наведоа блиските односи на земјата со Русија, како и човековите права во таа земја.
Подготвено од М.Н.