https://www.facebook.com/photo.php?fbid=657117939113679&set=pb.100044464358055.-2207520000.&type=3

06.03.2023 Скопје

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека до крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи. Согласно анализите на Министерството за економија од информации на производителите, цената на малсото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за литар.

Бектеши истакна дека во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара со здруженијата во рамки на Коморите и се земаат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Исто така, истакна дека најверојатно до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините, односно за макарони и шпагети.

Минималното намалување, како што соопшти министерот Бектеши, ќе ќе биде 10% од постоечките цени на овие тестенини, според првичните анализи, но убеден е дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи во предвид дека имаме цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема да бидат повеќе од 44 денари, имаме тестенини кои се продаваат од околу 60 денари, тие нема да бидат повеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој дел.

Министерот кажа дека одредени прехранбени компании веќе самостојно најавија намалување на цените на нивните производи и ги повика и другите компании да го следат примерот.

„Имавме денеска најави од страна на одредени производители на основни производи за намалување на нивните цени и сакам да ги охрабрам другите производители сами да донесат одлука за намалување на цените без одлука на Влада. Во случај ако тоа не се прави самостојно, а анализите покажуваат простор за намалување тогаш ќе донесеме одлука и за други производи, а тука генерално влегуваат млечни производи“, додаде Бектеши.

Во делот на маслото за јадење како што кажа министерот, во наредните 10 дена се очекува сите производители да имаат цена под 100 денари за литар.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author