https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291499540_158662793402160_574622817585160812_n.jpg?_nc_cat=110&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=tIfPuAvRS-kAX9K4A6V&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT85FsEenqRfDk_3MKubsvgBiXCiUyC2pRUo4itW7-5irQ&oe=62D55366

06.03.2023 Скопје

Јованка Тренчевска, министерката за труд и социјална помош, истакна дека семејството на бебето со туберкулоза живеело во добри услови, не користело социјална помош и родителите биле грижливи.

Денеска министерката за труд и социјална помош Јованка Тренчевска изјави дека по извршениот увид од стручниот тим од Центарот за социјални работи во семејството на деветмесечното бебе од туберкулоза е утврдено дека семејството живее во добри услови и дека тие не се корисници на социјална или детска заштита. Воедно, информираше дека народниот правобранител отворил случај, па наодите, мислењето и записникот што е направен од Центарот за социјални работи ќе му биде доставен и тој, согласно надлежности, ќе ја води постапката.

Од здравствен аспект, дополни министерката, „треба да постапи Министерството за здравство со нивните служби“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author