https://www.facebook.com/PartijaLevica/photos/bc.AbqxvE8qLmJVTBVO5E0gFgJhn1j1zauxyiCvM46vJTW9MuVmv39cj4LCRdLJIya-4Y_Uj52RTdGmK-EsVB_XjjP-e_8ZW35bwaQbv--0BtTFHlyNlKY-ce8Z3JLxDg-S0muJVYMYaAcu5DpBvBGL-5hAetX8qQXlB-EUo8Ycegi9Toq5H7Z5cdcApPy2jA19su8-XOoYvrufkNiuWaN9aFcJT6MsxpkiqBVYDWm1UnuODo13mP6nCINRQPtxdRKEa4hkR-n9a2O1RKiQeMkRIce4CfNhzRdKUCpE773Uabzu7zNMIa-S3PQAi16thy8tCKk/543161826610330/?opaqueCursor=Abp1E_3DjX-2TlCR7AEBXtSl5l16sOG4b56IEmNEw9t0jTlVtOTdHfigvzvJN3C0NQBXUw2KDNnFZjrmnO3FqxEsymF2p3BYEzHUfvNeYcX8bYDOZxhm2ln_5KJwihluz0mHeSPpWFsFGhsHoRIYSJ3tvwmpBOZd4bG48cz15u6LFeq5O6JGSF1S7eHND1YnRceXDkPyTODx4yL_CFwiv0mTTjhBrl-Kqs_pmAXUR6UZYVtm-LruqTrkVO2BnZyuvYPlxATA3ixULEzpBbhvyqORMW_QverOJ99YNPEdOpOXBHO5UdgMQXe3IepYPgP9Ydr9P9XeyawhDAEQhaTd0xl-2ke80yL-1RQcxyr9YhcuuLBP7TffX6O6wfMD47QyZC_6rbj0q5ska5lhn4cXYwHVuAGiey2fJ3n1-M_zhAsPamYGHDumdIOLeINR3uE8IFdHgHb_Ye8SAxunlaORf4Gj9AQUPa_j8JNF-TjxAJBr1PPvy7n-qk6C6AOeB7-ILupP5aIx3lpBeD4TqijAqAi4u8azDgy5rsFm9W_VO7PPcQx311aznsvSe4_TRzKINnaaXW6C2i8uQUmlGRwmOFUX895LgqvySwUM58z3tlTkVUMBQgllMMjSb9Y0NDKyx1M

24.03.2023 Скопје

Се уште се свежи сеќавањата на пропаѓањето на неколку македонски банки, последната „Еуростандард банка“ премногу ги вознемири штедачите, а изминатите денови пак цел свет го вознемири веста за пропаѓање и тоа преку ноќ на влијателни банки во Америка и Европа.

Банкарите и ЕУ смируваат, тврдат дека се реагирало брзо и спречено е прелевање на кризата и пропаѓање на други банки, но паниката кај народот се чини не е стивната.

Во Република Северна Македонија неминовно е да се запрашаме, ако пропаѓаат банки во Америка и Швајцарија, во каква состојба и во колкав ризик се нашите домашни банки, и колку се сигурни нашите пари?

Од НБРМ соопштија дека многу важно е што нашиот банкарски систем работи врз основа на конзервативен, традиционален деловен модел, што дополнително го прави отпорен во вакви ситуации.

„Важно е јавноста да знае дека досегашните согледувања покажуваат дека овие настани нема да имаат никакви директни ефекти врз домашниот банкарски систем“, стои во соопштението од НБРМ.

Подготвено од М.Н.

About Author