https://www.facebook.com/photo.php?fbid=690581326402167&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

31.03.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден денеска не го коментираше обвинението против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој беше обвинет пред големата порота на судот на Менхетен.

„Немам коментар за Трамп“, им рече Бајден на новинарите пред Белата куќа, откако неколкупати беше прашан за Трамп.

Запрашан дали е загрижен за протестите по објавувањето на обвинението, Бајден рече „не, нема да зборувам за обвинението против Трамп“.

На повторно новинарско прашање што значи обвинението за владеењето на правото во САД, Бајден повторно одговори „Воопшто немам коментар“.

Одлуката да се обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп уследи по истрагата за тоа дали Трамп фалсификувал деловни документи кога и платил на порно актерката Сторми Даниелс преку својот адвокат 130.000 долари за да ја спречи да зборува за нивната наводна афера за време на претседателската кампања во 2016 година.

Трамп го отфрли обвинението како „политички прогон и мешање во изборите“ и рече дека е „целосно невин“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author