https://www.facebook.com/photo.php?fbid=745939367533029&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

29.03.2023 Скопје

Претседателот на Америка, Џо Бајден, изјави дека е загрижен поради можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Белорусија вчера објави дека одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишен притисок од Соединетите Држави и нивните сојузници со цел промена на нејзината политичка и геополитичка насока.

Рускиот претседател во саботата изјави дека Москва во иднина ќе се обиде да распореди тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија, цврст сојузник, што ќе го ескалира конфликтот со Западот.

Белоруското Министерство за надворешни работи ја оправда својата одлука да соработува со Русија во соопштение, велејќи дека Минск делува во таа насока за да се заштити од Западот.

Подготвено од М.Н.

About Author