20.03.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека планира наскоро да разговара со својот кинески колега Си Џинпинг.
Администрација на Бајден пред да започне да го планира повикот, кинеската влада објави дека Си планира да отпатува во Русија денеска на тридневен самит со рускиот претседател, бидејќи Си се обидува да се претстави како потенцијален миротворец за војната во Украина.
Во Вашингтон, официјалните лица гледаат на намерите на Си со длабок скептицизам, Кина одби да ја осуди војната и наместо тоа тврдеше дека Москва била испровоцирана да ја нападне Украина.
Откако Кина ја објави посетата на кинескиот претседател на Русија, велејќи дека тој патува „за мир“, Белата куќа работеше на спречување обиди, средбата на двајцара лидери да се обликува како мировна мисија, сугерирајќи дека секоја рамка понудена од Пекинг ќе биде насочена кон Русија, а ќе биде лоша за Украина.
Подготвено од М.Н.