berza azija

28.03.2023 Скопје

На Азиските берзи цените на акциите пораснаа, како и на Волстрит претходниот ден, што најмногу се должи на стабилизацијата на банкарскиот сектор, но тргувањето сепак се одвива претпазливо.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, изнесуваше околу 7 часа плус 0,3 отсто, со што се надополнија вчерашните загуби, а истовремено, јапонскиот Никеи индекс ослабна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Хонг Конг и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,9 отсто.

Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот раст на цените на акциите на европските и американските берзи. На Волстрит Dow Jones зајакна 0,60, а S&P 500 за 0,16 отсто.

По остриот пад во петокот, вчера закрепнаа и цените на акциите на најголемите европски банки, како швајцарската УБС и Дојче банк.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,60 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,10 поени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0815 долари, додека вчера во ова време беше 1,0765 долари.

Гувернерот на ФЕД Филип Џеферсон изјави дека притисокот врз малите банки најмногу ќе ги погоди малите претприемачи.

Подготвено од М.Н.

About Author