avstraliski sudd

20.03.2023 Скопје

Австралиската полиција го уапси одликуваниот поранешен војник на САС, Оливер Шулц, и наскоро ќе го обвини за воени злосторства, откако наводно бил фатен на камера како пука Авганистанец на поле додека бил распореден на мисија во Авганистан.

Поранешниот војник на специјалните сили Шулц (41) беше уапсен во регионалниот Нов Јужен Велс, наводно во областа Гулбурн, во понеделник наутро и се очекува да се соочи со суд подоцна истиот ден.

Во заедничката изјава на австралиската федерална полиција со Канцеларијата на специјалниот истражител стои дека тој тврди дека убил Авганистанец додека бил распореден во Авганистан со австралиските одбранбени сили. Максималната казна за военото злосторство убиство е доживотен затвор.

Апсењето на Шулц е првото што АФП го изврши во случајот на поранешен австралиски војник од специјалните сили во врска со наводните воени злосторства во Авганистан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author