11.03.2023 Скопје
Ауди има и е-велосипед во својата програма за додатоци. Тој е безимен, но многу моќен. Дизајнерите велат дека е базиран на RS Q e-tron, автомобил од релито Дакар.
Станува збор за многу моќен велосипед, а развиен е во соработка со италијански производител.
Имено, Фантик се споменува како партнер, а воедно се нагласува дека погонот се состои од Brose S-MAG 36V електромотор со моќност од 250 W, кој обезбедува дури 90 Nm вртежен момент. Батеријата е на Фантик со капацитет од 720 Wh.
Рамката на велосипедот е изработена од алуминиум, додека деталите се од карбонски влакна. Погонските компоненти се Sram GX Eagle, Mavic E-Deemax тркалата и пневматиците Vittoria. Задната гума е 27,5 инчи, а предната 29 инчи.
Генерално, ова е многу способен ендуро велосипед. Позната е и цената, која изнесува 8.900 евра. Звучи како многу, но велосипедот со многу слични, а да не ги спомнуваме истите карактеристики од гамата на Фантика е малку поевтин. И да се има потпис на Ауди на велосипед за многу луѓе вреди многу.
Доволно е да се каже дека Ауди продаде над 100.000 е-велосипеди минатата година, што е зголемување за 44 отсто во однос на годината пред тоа.
Подготвено од А.Ѓ.