22.03.2023 Скопје
Ауди имаше причина да се пофали на годишната конференција на компанијата. Со брендовите Bentley, Lamborghini и Ducati добивката по оданочување изнесуваше неверојатни 7,12 милијарди евра.
Ауди испорача само 1,6 милиони автомобили минатата година – најмал број од 2013 година, но благодарение на високите цени, голем дел од поскапи возила и, за прв пат, вклучувањето на производителот на луксузни автомобили Бентли во билансот на Ауди, вредноста на продажбата се зголеми за 16 отсто на рекордни 61,75 милијарди евра.
За деловниот резултат придонесоа брендовите Bentley, Lamborghini и Dckati со 1,4 милијарди евра.
Вишокот пари значи дека треба да се распределат некаде. Бенефит ќе имаат акционерите, дел ќе одат за нови инвестиции, особено во Кина, кој е пазар во подем, а дел ќе оди кај работниците.
Околу 55.000 вработени во Ауди во Германија добија увид во планот за распределба на профитот. Квалификуваните работници ќе добијат бонус од 8.500 евра, велат од компанијата.
Подготвено од А.Ѓ.