https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/a.103786138039993/402777168140887

10.03.2023 Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска истакна дека нема да отстапи од нешто што било ветено во нејзината програма иако пред неполни ва месеца советниците во Советот на Град Скопје не го поддржаа предлогот на скопската градоначалничка за одобрување кредит од 10 милиони евра за набавка на педесетина екоавтобуси.

Арсовска истакна дека точката за набавка на еколошки автобуси ќе биде на дневен ред на секоја седница на Советот сè додека самите советници не ја изгласаат, зашто, како што вели, граѓаните се тие што го изгласале ова.

„Граѓаните сметаат дека е потребно не само да се реформира јавниот превоз туку и да добијат јавен превоз што ќе биде за нив достапен, пристапен, сигурен, безбеден, меѓутоа и еколошки. Постојат некои стандарди што е неопходно да ги исполниме, а тоа е едно од нештата што беа ветени и мора да се реализира“, изјави Арсовска.

Скопската градоначалничка нагласи дека сите оние коишто декларативно кажале дека ја поддржуваат програмата „За модерно Скопје“ сега треба тоа да го докажат и во пракса и да ја поддржат набавката на екоавтобуси.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author