29.03.2023 Скопје
На денешната 436-та седница на Судскиот совет, Анита Бошковска и Катерина Георгиевска се избрани за судијки во Врховниот суд од граѓанска област.
Со 74 бода судијката Бошковска доби десет гласа „за“ и два против, исто како и второрангираната со 68,4 бода Георгиевска.
Останатите кандидати беа Елизабета Дуковска со 64,8 бода, Роза Георгиева со 55,5 бода и за Енвер Беџети со 53,3 бодови.
Од кривична област, од пријавените пет кандидати Зоран Димитриевски доби четири гласа „за“ и осум против, Данка Ристова шест гласа „за“, шест против, Татјана Дукоска четири гласа „за“ и осум против, Енвер Беџети четири гласа „за“ и осум против и Енвер Амзаи, исто така четири гласа „за“ и осум против.
Подготвено од М.Н.