https://www.facebook.com/photo?fbid=740629500766037&set=a.233339461495046

03.03.2023 Скопје

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по натпреварот со Барселона изјави дека неговиот тим мора да повтори ваква игра на Камп Ноу.

Фудбалерите на Барселона синоќа во Мадрид го совладаа тимот на Реал со резултат 1:0 (1:0) во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на шпанскиот крал.

„Ја видов нашата добра игра, со голем интензитет и пресинг. Имаа само 35 проценти од топката. Ни недостигаше ефикасност во последната третина. Сакавме пред се добра игра, а не резултат. Ова ни дава самодоверба пред Реванш. Мораме да повториме ваква игра на Камп Ноу. Тие многу силно притискаа напред и постигнаа гол од една наша грешка“, изјави Анчелоти по натпреварот.

Тој додаде дека противникот не заслужил да победи синоќа.

„Задоволен сум бидејќи го контролиравме натпреварот против нашите ривали во многу низок блок. Повредени сме, но сигурен сум дека со ваква игра ќе продолжиме. Мислам дека не заслужија да победат. Ова беше нашата добра игра во однос на контролата. Ако играме вака во реваншот, ќе создадеме повеќе шанси. Мислам дека ниту Барселона дома не може да излезе да игра како што играше вечерва. Изненадување е да се види ваква Барселона. Но научија добро да се бранат од тој аспект, беа навистина добри вечерва. Загубивме премногу топки и тоа не е добро“, заклучи Анчелоти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *