28.03.2023 Скопје
Според научниците, анализите на површината на Месечината, особено на областите наречени стаклени зрна, укажуваат на постоење на огромни резерви на вода.
„Малите области наречени стаклени зрна расфрлани по површината на Месечината може да содржат милијарди тони вода што астронаутите би можеле да ја исфрлат и да ја користат во идните мисии на Месечината“, велат истражувачите.
Откритието се смета дека е едно од најважните досега за вселенските агенции фокусирани на градење бази на Месечината, бидејќи тоа значи дека Месечината може да има многу достапен извор не само на вода, туку и на водород и кислород.
„Ова е едно од највозбудливите откритија што сме ги направиле. Со овие наоди, потенцијалот за одржливо истражување на Месечината е поголем отколку што бил досега“, рече Махеш Ананд, професор по планетарна наука и истражување на британскиот Отворен универзитет во близина на Лондон.
Повеќе од половина век откако луѓето последен пат оделе на Месечината, НАСА и другите вселенски агенции се подготвуваат да се вратат на Месечината.
Подготвено од А.Ѓ.