29.03.2023 Скопје
Амбасадата на Русија во САД соопшти дека Вашингтон се обидува да ги минимизира штетните информации за наводната вмешаност на нејзините разузнавачки служби во минатогодишните експлозии кои го оштетија гасоводот Северен тек.
Руската амбасада во САД во соопштение објавено на нејзиниот канал на Телеграм истакна дека Вашингтон прави се што е можно за да спречи утврдување на околностите околу експлозиите.
Во блог пост во февруари, истражувачки новинар, добитник на Пулицерова награда, Сејмур Херш, цитираше неидентификуван извор кој вели дека нуркачите на американската морнарица ги уништиле нафтоводите со експлозив по наредба на американскиот претседател Џо Бајден.
Белата куќа го отфрли извештајот на Херш како „крајно лажна и целосна фикција“.
Подготвено од М.Н.