03.03.2023 Скопје
Генерали на вооружените сили на САД и офицери на украинската армија вчера учествуваа во „воени симулации“ во Германија, со цел да ги подготват силите на Киев за офанзива за ослободување на териториите окупирани од Русија.
Стимулацијата се случила во седиштето на командата на американската армија за Европа и Африка во Визбаден.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, постојано ја сигнализирал својата намера да започне пролетна офанзива против руските сили и повторно да ги освои териториите во источна Украина кои се под контрола на Москва.
На симулациите присуствуваа и највисоките генерали на претседателот Џо Бајден одговорни за напорите на САД да ја поддржат Украина.
Според изјави на некои медиуми, американските воени лидери ја организирале симулацијата за да ја зголемат стратегијата и да ги мапираат ризиците и придобивките од различните потези што Украина може да ги преземе против позициите на Русија во наредните месеци.
Подготвено од М.Н.