20.03.2023 Скопје
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го во финалето Данил Медведев, а воедно од првото место го симна Новак Ѓоковиќ бидејќи младиот тенисер се врати на врвот на АТП листата.
Од денеска Алкараз ќе биде играч број еден во светот, а Новак Ѓоковиќ паѓа на второто место.
Младиот Шпанец го декласираше Медведев во финалето на Индијан Велс и победи со 2-0. Според сетови беше 6:3, 6:2, а мечот траеше 72 минути каде уморниот Данил немаше никакви шанси против расположениот Карлос.
Подготвено од М.Н.