dojche bank

24.03.2023 Скопје

За повеќе од 12 отсто паднаа акциите на Дојче банк по новиот бран на нервоза на пазарот што го погоди европскиот банкарски сектор.

Германскиот канцелар Олаф Шолц тврди дека нема потреба од грижи за ништо во Дојче банк.

Пад на вредноста на акциите забележаа и останатите банки кои се изложени на висок ризик од кредити на претпријатијата. Комерцбанк падна за девет отсто, а француската Сосиете Женерал за седум отсто.

Дојче банк одеднаш стана фокус на банкарските превирања во Европа поради загриженоста за падот на индустриското производство, што доведе до најголем пад на акциите на банката во последните три години. Зголемени се и трошоците за осигурување од неплаќање на достасаните обврски.

Загриженоста за влез на земјите од Европската унија во рецесија влијае на перформансите на најголемите банки.

Дојче банк, која закрепнуваше во последните три години, стана најголемиот губитник меѓу големите европски банки во петокот, откако објави план за откуп на долгот, кој обично се гледа како знак на сила.

Настаните на пазарот и падот на акциите на најважната германска банка го наведоа канцеларот Олаф Шолц јавно да ги поддржи банкарите и да ја увери јавноста дека банкарскиот систем е силен и ликвиден.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author