drvo shto sveti

24.03.2023 Скопје

Размислувањето за животот и сите негови сегменти е карактеристично за човековата природа. Највредните мисли за животот, љубовта и другите теми кои нè поттикнуваат да размислуваме со векови се наоѓаат во книгите на мудреците, поетите и писателите, а колку навистина се важни нивните мисли покажува фактот дека тие станаа познати цитати.

Поговорките и изреките постојат со векови, а некои, без разлика колку стари, можат да се применат и денес.

Индиските поговорки, напишани од нивните мудреци и филозофи, се токму такви.

Индија е голема земја со долга историја и богата култура, а за разлика од многу земји, луѓето во Индија се фокусирани на енергија и самоспознавање.

Ви претставуваме девет индиски мудрости за кои веруваме дека ќе размислите откако ќе ги прочитате.

1. Капка вода што ќе падне на вжештено железо ќе испари, истата капка ако падне на цвет од лотос ќе свети како бисер, а ако падне на школка ќе стане бисер. Така човекот станува она со што се дружи.

2. Мајката е божество, а таткото е богатството на куќата.

3. Пријателството на нечесен човек е како сенка наутро: прво одлично, па потоа се намалува и исчезнува. Пријателството на благородниот човек е како сенка во попладневните часови: на почетокот е мало, а потоа постепено расте.

4. До вистината можеме да дојдеме само ако ни се даде слобода да грешиме.

5. Веќе не е доволно да бараме мир, мора да шириме мир, да го живееме мирот и да живееме во мир.

6. Судбината им се смее и на многу смелите и на многу претпазливите.

7. Дрвото не ја задржува сенката ни на дрвосечач кој дошол со секира.

8. Одмаздата носи задоволство за еден ден, прошка за цел живот.

9. Водата станува чиста со тоа што тече понатаму, човекот со движење напред.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author