https://www.facebook.com/photo/?fbid=2428150207363343&set=pb.100064851724223.-2207520000.

27.03.2023 Скопје

На наплатните станици во државата, минатата година е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра).

На новите патарини, пуштени на 18 јули минатата година, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, наплатата изнесува 85.599.333 денари, односно 72.861.770 денари.

„Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, остварениот промет изнесува 400.174.788,00 денари.

Од наплатата на патарината на Миладиновци се инкасирани 266.361.767 денари, Глумово 258.299.622, Градско 248.125.247 денари, Желино 244.476.653 денари, Гевгелија 236.866.875 денари, Петровец 205.967.358 денари, Тетово 201.158.821 денари, Сопот 195.984.192 денари, Отовица 188.054.352 денари, Демир Капија 172.813.622 денари и Гостивар 164.536.337 денари.

Прометот остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ Центарот, пак, изнесува 333.106.598 денари.

Од ЈПДП велат дека учеството на електронската наплата е со постојан пораст во вкупниот промет остварен од наплата на патарина и веќе надминува 30 проценти од вкупната наплата, во делот на наплатните каде функционира електронската наплата.

Според најавите од надлежните институции, до зачленувањето во ЕУ на државава треба да биде воспоставена целосна дигитализација на патарините, односно начинот на којшто ќе се наплаќа таксата за патарина ќе биде дигитализиран.

Подготвено од М.Н.

About Author