https://www.facebook.com/photo/?fbid=368933442083856&set=a.231255612518307

06.03.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Исто така, апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author