03.03.2023 Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден спроведе засилени контроли во областа на сообраќајот во главниот град.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 248 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за некористење сигурносен појас, и 10 мерки за минување на затворен сигнал односно црвено светло.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да биде зголемена безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Подготвено од М.Н.