germanija lugje

02.03.2023 Скопје

Германската Федерална канцеларија за статистика објави дека околу 18,9 милиони луѓе, или 23 отсто од населението на Германија, или емигрирале во земјата од 1950 година или се деца на имигранти.

Ова е првпат статистичкиот завод да го анализира населението на земјата врз основа на бројките за миграција, наместо само државјанството, понејасен концепт бидејќи многу имигранти, а особено децата на имигрантите, земаа германско државјанство во последниве години.

Германската новинска агенција ДПА пренесува дека кога станува збор за 17,3 отсто од првата генерација имигранти, Германија е над просекот на Европската Унија од 10,6 отсто.

Дополнително, уште 3,7 милиони, или 4,5 отсто од населението, имаат еден родител кој емигрирал и еден германски родител.

АП пренесува дека новопретставените бројки се од 2021 година и затоа не вклучуваат повеќе од милион Украинци кои дојдоа во Германија барајќи засолниште откако Русија пред една година започна специјална воена операција на тлото на нивната земја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author