15.03.2023 Скопје
По речиси една година, откако Марк Цукерберг ги објави плановите да се пробие во светот на дигиталните токени, без големо изненадување оваа приказна е при крај.
Мета ја прекинува својата поддршка за NFT на Фејсбук и Инстаграм, помалку од една година откако го објави својот упад во областа на дигиталните токени на споменатите платформи.
Стефан Касриел, шефот за трговија и финансии во Мета, истакна дека засега ги прекинуваат дигиталните токени, NFT, за да се фокусираат на други начини на кои ќе можат да ги поддржуваат креаторите, луѓето и бизнисите.
Не е објаснето зошто Мета го менува својот став за NFT, за кои Цукерберг еднаш сугерираше дека ќе игра голема улога во плановите на компанијата за метаверс.
Сепак, ова не е единствената амбициозна иницијатива на компанијата која пропадна во изминатата година. Мета, исто така, го затвори својот крипто-паричник Нови минатата година, кој исто така требаше да има поддршка за NFT.
Компанијата, исто така, стави крај на Reality Labs, во рамките на нејзината поделба на метаверс, како и програмата што плаќаше бонуси на креаторите на Reels.
Подготвено од М.Д.