15.03.2023 Скопје
Техничкиот гигант Мајкрософт го отпушти целиот тим за етика и општество кој работи во рамките на вештачката интелигенција на организацијата.
Отпуштањето на тој тим е дел од неодамнешната серија отпуштања на 10.000 вработени низ Мајкрософт.
Овој потег ја остава компанијата без тим за да се осигура дека принципите на вештачката интелигенција се тесно поврзани со дизајнот на производите, во време кога компанијата се обидува да ги направи широко достапни алатките за вештачка интелигенција, велат сегашните и поранешните вработени.
Компанијата сè уште ја „одржува во живот“ Канцеларијата за одговорна вештачка интелигенција, која има задача да креира правила и принципи за управување со иницијативите за вештачка интелигенција на компанијата.
Мајкрософт вели дека неговата вкупна инвестиција во одговорност се зголемува и покрај неодамнешните отпуштања.
Подготвено од М.Д.