banka

15.03.2023 Скопје

Целосен колапс на финансискиот пазар во Америка, а со тоа и на глобално ниво, е сосема реален по банкротот на Silicon Valley Bank (SVB) со седиште во Калифорнија, а главен виновник за тоа ќе биде моменталната инфлација.

Инвестицискиот експерт од Белград, Владимир Ѓукановиќ, кој осум години работеше на Волстрит како аналитичар во концернот „ЈП Морган“, анализирајќи го вториот најголем колапс на финансиска институција во американската историја и најголемиот банкрот на американска банка од 2008 година, што доведе до голема паника и пад на вредноста на акциите на светските берзи, истакна дека секогаш постои опасност за тоа, бидејќи банките се чувствителни на секое ненадејно и прекумерно повлекување на депозитите.

За тоа дали е ова почеток на верижна реакција, Ѓукановиќ објасни дека станува се повеќе и поочигледно е дека глобалната инфлација станува се поголем проблем, бидејќи не сме имале ваква ситуација во последните 40-50 години, и смета дека сега се е при крај, дека многу финансиски институции, кои се презадолжени или се отворени само затоа што имало многу пари во оптек, ќе „пукнат“.

Според Ѓукановиќ, за сето ова ќе биде потребно време, исто како и инфлацијата, која како рак навлезе во биолошкото тело на економијата и финансиите и овој рак влијае се повеќе на внатрешните органи. Тој смета и дека стечајот на споменатата банка е само почеток и дека треба да се очекува колапс на бројни финансиски институции, како и на самите берзи кои беа зафатени од бранот паника, како и дека кризата од САД ќе се прелее и на европските финансиски пазари, што, како што истакна, е неизбежно со оглед на глобалната поврзаност.

Ѓукановиќ објасни дека сè уште се во оптек големи ризици, но како што кажа, инфлацијата најмногу стои зад сето она што се случува денес. На инвеститорите им е многу тешко да најдат проекти кои би им донеле барем 15 или 20 проценти од профитот, за да ја покријат каматата, што е исклучително високо ниво. Тој наведува и дека војната во Украина ја искомплицирала ситуацијата, бидејќи биле прекинати синџирите на снабдување, што потоа довело до зголемување на цените на стоките, а како голем проблем Ѓукановиќ го наведува фактот што огромни суми пари биле печатени во претходен период.

„Ние на Балканот сме најдобри сведоци до што може ова да доведе. Дека прекумерното печатење на пари е најбрзиот начин за пропаст. Сите се трудеа да ги решат проблемите со тоа што ги натераа печатарските машини да работат 24 часа, за компаниите да преживее. И додека тие пари не испарат од системот не треба да очекуваме подобри денови.За да се случи тоа треба да се намали куповната моќ на граѓаните за 15 или 20 проценти. Јас за жал не сум оптимист. И луѓето забораваат дека ако инфлацијата продолжи да биде околу седум проценти во наредните години, тоа значи дека за пет години животниот стандард ќе се преполови“, вели Ѓукановиќ.

На прашањето какви се шансите да се „зарази“ целиот банкарски сектор, како што беше случајот во месеците пред големата рецесија пред повеќе од една деценија, и дали банкротот на споменатата американска банка може да претставува почеток на колапсот на финансискиот пазар во САД поради се пореалниот домино ефект, економскиот аналитичар и финансиски експерт Бранко Драгаш кусо одговара: „Голема“, наведувајќи дека покрај споменатите, во меѓувреме во САД се затворени уште две банки, додека уште десет се во незавидна положба и под лупата на властите.

„Мислам дека тоа не е ништо во споредба со она што ќе се случи. Верувам дека ќе има целосна експлозија на финансискиот пазар, акциите на берзите ќе паднат за десет проценти во првиот излив, а потоа за исто толку во второто.Не би ги плашам луѓето, туку треба да се повлечат пари од американските и европските банки и да се користат за купување инвестициско злато. Верувам дека се соочуваме со многу поголема криза од онаа во 2008 година, која ќе доведе до да го кажам малку графички библискиот колапс на западниот капитализам. Кој не го гледа или не го разбира, тој има голем проблем“, истакна Драгаш.

Банката СВБ, основана во 1983 година, обезбеди финансирање за речиси половина од американските технолошки и здравствени компании. Според податоците на „Форбс“, таа на крајот на минатата година имала имот вреден 213 милијарди долари.

Банката, која со години го финансираше технолошкиот сектор, се најде под притисок бидејќи многу почетни компании почнаа да повлекуваат депозити. За да собере капитал, прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со огромна загуба, а потоа објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал. Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои повлекоа 100 милијарди долари депозити од банката. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката, прогласи банкрот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити.

Во меѓувреме „падна“ уште една банка, овој пат Crypto Signature Bank со седиште во Њујорк. Таа е една од главните банки во крипто-индустријата, најголема веднаш до Силвергејт, која минатата недела објави дека ќе ликвидира.

Американскиот претседател најави дека наскоро ќе објави како американската администрација ќе се справи со банкарската криза, најголемата во САД од 2008 година, која ги принуди регулаторните тела да воведат низа итни мерки по распадот на SVB и Signacher Bank.

Подготвено од Д.Ц.

About Author