nato vezhba vo bugarija

15.03.2023 Скопје

Како дел од НАТО-мисијата „Засилена будност“ со лесни оклопни возила од типот ЈЛТВ и Хамер од американско потекло, но и италијанските оклопни возила Фрециа и Ивеко ЛМВ 2, војници од Црна Гора, Италија и Република Северна Македонија, но и Бугарија, извршија заедничка вежба на воениот полигон Ново Село во соседна Бугарија.

Овие контингенти се составен дел од борбената група на источното крило на НАТО во Бугарија кои на почетокот на 2023 година ги започнаа здружените воени дејствија како резултат на зголемените тензии во Украина.

Претходно, некаде на почетокот на февруари едно одделение на македонската армија, заедно со уште едно од војската на Црна Гора (ВЦГ), беа распоредени во составот на единицата на НАТО задолжена за засилување на одбраната на Летонија кон Русија. Тие опслужуваат по една хаубица со калибар од 155 милиметри и се вклучени во словенечкиот артилериски вод.

Борбената група на НАТО во Бугарија ја сочинуваат вооружените сили на Италија како водечка нација, САД, Албанија и армијата домаќин на Бугарија. Сега им се приклучија и припадници на Армијата на Република Северна Македонија, а од почетокот на 2023 година се приклучи и Црна Гора.

Во последниве месеци, НАТО активираше четири борбени групи во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија како дел од задачите за зголемена будност, со цел да го зајакне источното крило по руската инвазија на Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author