https://kultura.gov.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%bb%d0%be%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%83%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4/

02.02.2023 Скопје

„StandWithUkraine” е насловот на изложбата на македонската новинарка и воен известувач од Украина, Кристина Атовска, која во присуство на многубројни гости и дипломати од повеќе земји беше претставена во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана.  

Во рамките на изложбата, на која присуствуваше и македонскиот амбасадор Данчо Марковски, се претставени фотографии од Атовска за нејзиното патешествие и воено известување од Украина, а беше прикажан и „трејлер“ за нејзиниот долгометражен документарен филм.

Како што информира директорот на македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански,   украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров, изразил голема почит кон македонскиот народ и нашата земја, за сета поддршка и помош во нивната борба за слобода.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author