https://www.facebook.com/Arsenal/photos/10160634253212713

01.02.2023 Скопје

Клубот од Северен Лондон ја потврди информацијата дека трансферот на Жоржињо од Челси во Арсенал е комплетиран.

Арсенал потврди дека го ангажира Жоржињо, и му посака добредојде на новото засилување преку социјалните мрежи, а на Челси ќе треба да платат 10 милиони фунти, плус 2 милиони фунти во бонуси.

„Жоржињо е фудбалер од средниот ред со голема интелегенција, лидерски вештини и големо искуство во Премиерлигата и надвор од неа“, изјави Артета, а Жоржињо вети дека ќе даде се од себе за Арсенал.

Жоржињо потпиша договор за Арсенал до јуни 2024 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *