https://www.facebook.com/253844724747734/photos/pb.100064697985172.-2207520000./474860305979507/?type=3

21.02.2023 Скопје

Во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро” Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар” од Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро.

Докумантарниот филм е објавен на социјалните мрежи на здружението и на „Јутјуб” платформата, а во скоро време ќе почне да се емитува и на телевизиските канали.

Во филмот е документирано постигнатото истражување од секоја фаза на проектот, односно статистички се уредени податоците од спроведените теренски истражувања.

Филмот заедно со кратки информативно-едукативни видеа ќе се користи и како материјал кој што ќе се презентира во сите основни училишта во Општина Охрид.

Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во „Западен Балкан 2 – ReLOaD2″ финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *