23.02.2023 Скопје
Француско-италијанската групација специјализирана за индустрија на очила „EssilorLuxottica“ објави дека во 2022 година забележала промет од 24,5 милијарди евра, односно за 13,9 отсто повеќе од претходната година на споредлива основа.
Прилагодената оперативна маржа е 16,8 проценти во 2022 година, што е за 70 отсто повеќе во споредба со претходната од 2021 година.
Франческо Милери, кој е претседател и главен извршен директор на EssilorLuxottica, и Пол ду Сајлан, заменик-управен директор на групацијата, изјавија дека се горди за досегашните постигнати резултати и додадоа дека ќе се заложат да остварат уште подлабока врска со своите оптички клиенти ширум светот.
Директорите Милери и Сајлан исто така истакнаа дека нивните мисли се насочени кон вработените и партнери во Турција, како и кон турското и сириското население погодени од неодамнешните земјотреси, и додадоа дека ќе се заложат да придонесат финансиски за обнова на инфраструктурата на погодените области од раздорниот земјотрес.
Подготвено од М.Н.