07.02.2023 Скопје
Во прелиминарната проценка на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина се наведува дека земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван во близина на Халкидики.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12:53 часот по локално време, се наоѓа на 12 километри југозападно од Ормилија, Халкидики.
Фокалната длабочина се проценува на 15 километри. Според очевидци, потресот бил почувствуван и во Солун.
Земјотресот предизвикал помала материјална штета на станбените објекти, но засега нема потреба од дополнителна вознемиреност кај жителите на Грција.
Подготвено од А.Ѓ.