22.02.2023 Скопје
Во Варшава денеска ќе се одржи состанок на земјите од форматот Б9, а на состанокот ќе биде присутен и американскиот претседател Џо Бајден.
Во фокусот на разговорите се очекува да биде зајакнувањето на источното крило на НАТО, на што се обврзаа САД по почетокот на војната во Украина.
Ќе се разговара и за можностите за зголемување на меѓународните бригади кои беа создадени како средство за подобрување на безбедноста во земјите во непосредна близина на Русија.
Форматот на политичкиот дијалог ги обединува земјите-членки на НАТО Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска и Бугарија.
Подготвено од М.Н.