09.02.2023 Скопје
Од Елисејската палата соопштија дека, францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе одат заедно денеска од Париз на самитот на шефови на држави и влади на ЕУ во Брисел.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој е на турнеја низ Европа, ја напушта својата земја по вторпат од почетокот на руската офанзива на 24 февруари 2022 година.
Вчера Зеленски беше во Лондон, а потоа во Париз, каде вечераше во Елисејската палата со Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Зеленски ги повика лидерите во двата главни града да испорачаат борбени авиони „што е можно поскоро“ за да ја потиснат руската офанзива во неговата земја.
Макрон и Шолц ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и воено, „колку што е потребно“ до „победа“.
Макрон исто така му го врачи на Зеленски, Големиот крст на Легијата на честа, а тоа е највисоката чест што еден француски претседател може да му ја додели на друг шеф на држава.
Подготвено од М.Н.