07.02.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, ЕУ соопшти дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да учествува на самитот на лидерите на Европската унија, поради поради извештаите дека тој би можел да биде во Брисел оваа недела.
Чарлс Мишел, претседателот на Европскиот совет на националните лидери на ЕУ, го покани Зеленски „лично да учествува на идниот самит“.
Портпаролот Баренд Лејтс не кажа кога Зеленски би можел да ја прифати поканата и прецизираше дека нема да бидат дадени дополнителни информации „од безбедносни причини“.
Следниот самит на ЕУ ќе се одржи во четврток и петок оваа недела во Брисел. Претходно во текот на денот, повеќе медиуми објавија дека Зеленски би можел да присуствува на самитот и може да се обрати и на седница на Европскиот парламент.
Официјални претставници на ЕУ одбија да ги коментираат тие извештаи. Некои забележаа дека ако однапред протече вест за таква посета, тоа би можело да претставува поголем безбедносен ризик за воениот лидер на Украина и да ги намали шансите тој да продолжи со патувањето.
Канцеларијата на Зеленски не одговори на барањето за коментар за извештаите.
Ако Зеленски навистина го посети Брисел оваа недела, тоа ќе биде само второ патување во странство откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина минатиот 24 февруари.
Во декември, Зеленски го посети Вашингтон за да се сретне со претседателот Џо Бајден и да се обрати пред Конгресот на САД.
Подготвено од А.Ѓ.