24.02.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во пораката објавена на неговиот Твитер профил, денеска, на првата годишнина од тековниот конфликт во таа земја, напиша дека 2023 година ќе биде година на победа на Украина против руските сили.
„На 24 февруари, милиони од нас направивме избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегство, туку отпор и борба“, напиша украинскиот претседател.
„Тоа беше година на болка, страдање, верба и единство. И оваа година останавме непобедливи. Знаеме дека 2023 година ќе биде година на нашата победа!“ стои во пораката на претседателот Зеленски.
Подготвено од М.Н.