08.02.2023 Скопје

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, кој пловел преку Пацификот, најверојатно наменет за црниот пазар во Австралија.

На фотографија објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот, прикачени на сплавови. Комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Ендрју Костер, изјави дека ова е една од најголемите запленувања на дрога во земјата.

Костер исто така соопшти дека за ова запленување на кокаин се уште немаат уапсени или пак осомничени лица.

Новозеландскиот царински контролор Бил Пери ја процени вредноста на запленетиот кокаин на 279,5 милиони евра.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *