rudari

24.02.2023 Скопје

Предлогот на Европската комисија за корпоративно длабинско испитување има намера да ги натера европските компании со повеќе од 500 вработени и годишен обрт од 150 милиони евра да бидат одговорни за следење, спречување и ублажување на човековите права и стандардите за животна средина долж нивниот синџир на вредност.

Бидејќи рударството се смета за ризичен сектор, прагот е уште помал со 250 вработени и 40 милиони евра обрт.

И покрај загриженоста на повеќето играчи во индустријата, поголемиот дел од рударскиот сектор во Европа тивко ја прифати претстојната легислатива. На пример, Norge Mining брзо објави дека се позиционира како „пионер“ кога станува збор за корпоративна одржливост.

Сличен став може да се забележи и со Европската асоцијација за јаглерод и графит (ECGA).

Генералната секретарка на Европската асоцијација за јаглерод и графит, Корина Хебестрејт, истакна дека ЕЦГА верува дека одговорното и етичко снабдување со јаглерод и графит со право е суштински дел од политиката на ЕУ и би било пожелно тоа соодветно да се спроведе, но не само за примарните материјали, туку и за производите потоа.

Иако ЕЦГА исто така нагласува дека „треба да се избегнуваат прекумерни оптоварувања на компаниите“, таа е поповолна кон директивата во споредба со другите асоцијации кои ги претставуваат индустриите понатаму во синџирот на вредност.

Асоцијацијата за машинско инженерство (VDMA), на пример, неодамна ја нарече директивата во нејзината сегашна форма „закана за европската конкурентност“.

Иако директивата за длабинска анализа е прикажана од повеќето индустрии како дополнителен товар, таа всушност може да се покаже дека дури и ја зајакнува меѓународната конкурентност на рударскиот сектор.

Бидејќи рударството е на почетокот на синџирот на снабдување, европските рударски компании се многу помалку оптоварени со обврските за следење во директивата за длабинска анализа.

Додека европските компании веќе се обврзани да ги исполнуваат високите стандарди за животна средина и човекови права, законот за длабинска анализа ќе ги притисне нивните конкуренти во трети земји да го сторат истото, а со тоа ќе им даде на европските рударски компании релативна конкурентна предност.

Поволниот поглед кон новите правила за длабинска анализа е присутен и кај другите производители на примарни производи кои не вклучуваат рударство.

Еден пример е производството на синтетички графит, суштински дел од батериите за автомобили, кој се произведува преку процес на висока температура.

Одржливото рударство во Европа во моментов е поскапо од многу од нивните меѓународни конкуренти, кои често се потпираат на експлоатација на работниците и честопати малку ги почитуваат еколошките стандарди.

Според експертот Волф, тука би можела да помогне директивата за длабинска анализа. На долг рок, може да има дури и позитивни ефекти во однос на проширувањето на рударскиот капацитет на ЕУ – што е една од главните цели на претстојниот Закон за критични суровини на Европската комисија.

Сепак, останува да се види дали директивата за длабинска анализа, која ќе влезе во финалната фаза на преговори откако Европскиот парламент ќе го договори својот став во мај, навистина ќе доведе до повисоки меѓународни стандарди.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author