https://www.facebook.com/photo.php?fbid=502100818779650&set=pb.100069392071612.-2207520000.&type=3

04.02.2023 Скопје

Меѓусебната политичка доверба со Русија продолжува да се продлабочува откако заменик-министерот за надворешни работи Маo Жаосу ја посети земјата оваа недела и се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопштија кинеските власти.

Кина е подготвена да соработува со Русија во спроведувањето на нивното стратешко партнерство и промовирањето на напредокот во нивните односи, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Мао Жаосу исто така, се состана со руските заменици министри за надворешни работи Андреј Руденко и Сергеј Вершинин за време на неговата посета на Москва, и на средбата биле разменети мислења за билатерална и мултилатерална соработка и за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи за посетата на Мао воопшто не се споменува Украина, каде Русија спроведува воена операција речиси една година.

Подготвено од М.Н.

About Author