https://www.flickr.com/photos/127497490@N03/15297732035/in/photolist-2mwPXLj-LveQCT-5B7Ecv-piNSLB-59iQ5n-FWaMr-nmVw1F-Dxesd-57r93V-57vkXU-59iQw2-8NcVZ5-hjPcWm-5STbJi-sAmcp-aBYBux-bg435X-pNiHeK-9bZfep-6DpNNd-7X5ks9-4i4eD8-6VVreE-627q8p-9t7Krm-riTEZJ-D1dWf2-hPAsQb-4RChPc-5rHYy4-perE6s-KDz8aV-MPkBnf-FWaMM-sjMtw-hjPaFQ-4tSRRW-7PKVZg-Qg6acU-73MWFo-Y3M2X-apJrrC-pernUD-hPBFBZ-hjNJbR-HeKBxV-hqK6z-4Q6WSQ-4Q2J3K-JRPeun

08.02.2023 Скопје

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 14.8 %, соопштија од Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во споредба со декември 2022 година, е зголемен за 0.7 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.9 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 %, Безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Ноќевања за 0.2 %.

Подготвено од М.Н.

About Author