03.02.2023 Скопје
Денеска на седницата за извештајот за напредокот на преговорите со Приштина, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека геополитичката ситуација за Србија никогаш не била понеповолна и дека не треба „да се потценуваат потенцијалните закани што доаѓаат од Западот“.
Пратеникот на „Двери“, Иван Костиќ, го праша претседателот Вучиќ дали верува дека постои можност државата да донесе нова платформа за преговори со Пришптина, а на тоа претседателот Вучиќ одговори дека ова не е „прашање на љубов или идеологија, ова е прашање на опстанокот на нашиот народ и опстанокот на нашата земја“.
Според српскиот претседател, “геополитичките околности се полоши, отколку што беа во изминатите десет или 15 години“.
Тој денеска истакна дека Србија не е во атлантските интеграции и не сака да влезе во НАТО, но љубоморно ја чува својата воена неутралност.
Подготвено од А.Ѓ.