https://www.facebook.com/photo/?fbid=473434181486200&set=basw.AbqFW29bNpjIiqPP6AEbH-kJHiINnYSssIcJ6WPHYR6qEF6AHPUuRfJ14IAeCH1c8OsRRPYDyBjOi8KsBKx7A7cPQNMV-5XOxr2GpnS-7XI1XMY9SNt2qpfc4rL5qJfIlXav7cwTWVWct3YCUlQthtvw&opaqueCursor=AboDYzkhxcZj9-TYkGLn4dHspYTqKXZR6XWj5GKmjaNxkdlbPraBQIi2lYT29E0JIiCdebzOe1xnJrp-K7bof28OUS7uV5Nj8Erz5-CBoUPLl-0fS1GaXtdR-0XXKbj_ZOVDzsdfzlnEtmZSi3GOXYC4N0XY_kGi56g99CJLLBQzpvlAS9wpTmWoG8xkSHk2X-WvnK76yC6PMrbewMaX1lhARguV3yLiH849IBnyLi-iEy5Fi53X1nSq_6Bii_3GEwiR4whs6WS86g3S-aB2AbIFAvaGdHBSMZ7_eKwD7Q0PJdcxmpAv1TDDICImb5bHSFryeui2tH2JHkBMUbvFZCmAH_LRsk9TbxKy636VIEAIKIv9Xzt-08bG1OEzbD5pveWwvEZzpp1LmXgyuqCxZ_bqBXDvjbdSj4Xza2smVpwpYBL2DEOG0sMpB15ep7K1W-Cb7bgR7ihOjyHeWzOcgHwkDY5jn7Mtu4zOCK4uM-ABBjcO8bfSj49xkYyHWESS86EUHKKSv8VjTvYDe5Ujo9HIOpDZRzbR3cVkKupAhxm2sgjcqGYHH9REbUENRG2PnuE0jIYcsvgSJTinfRvCNZ1AW5jpDVW2VWC10w6c0vmXQsoZOdUsYq7R5-Fv2ifCVhvtm009hM0bR-_sQo5pETo3sOGf0C0uIVkvRUqFiqXFMuW5Oykf5478WYUzdCWdBsgZEV6QZ5q0uYBq_vqNQM_y

28.02.2023 Скопје

Вчеравечер, српскиот претседател Александар Вучиќ, по разговорите со претставниците на ЕУ и косовскиот премиер Албин Курти, соопшти дека е договорено разговорите да продолжат во наредниот период, а следната средба ќе биде на 18 март во Република Северна Македонија.

Вучиќ за новинарите изјави дека имале вообичаено тешка средба и „ќе продолжиме и во наредниот период“. Воедно, подвлече дека инсистирал на ЗСО и смета дека Курти не бил подготвен да го прифати сега тоа, а „ќе видиме дали ќе биде во иднина“.

Српскиот претседател Вучиќ се надева дека е можно да се дојде до некакви компромиси, но се плаши дека ќе останат заглавени во нешто што е одамна потпишано. Вучиќ изрази уверување дека ќе може да се работи на имплементација на претходно постигнатите договори.

На прашањето дали се спроведува бриселскиот договор или француско-германскиот план, Вучиќ повтори дека на прво место е Заедницата на српски општини.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author