https://www.facebook.com/photo.php?fbid=732384968474652&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

16.02.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на нацијата, откако екстремистите на протестот во центарот на Белград се заканија со смрт и испратија опасни пораки.

Претседателот на државата им го честиташе националниот празник на граѓаните и порача дека протестот во Белград нема да има посебно внимание кај него.

„Тоа не се неформални десничарски групи, тие се поддржани од четири парламентарни партии, на средбата беа дел од лидерите. Не се собраа баш така, не беше случајно. Денеска, говорејќи во Крагуевац, реков дека авантуризмот е можен кога создавате држава, а кога имате, државата не трпи авантуризам“, изјави Вучиќ.

„По чија наредба го правите ова, дали мислите дека нема да наиде на одговор во една нормална и уредна земја. Кога зборувавме во Собранието, беше јасно дека насилството е единствениот аргумент што го имаат. Кога биле поразени во расправија, се свртеле кон насилство. Кога видоа дека и тоа не функционира, се свртеа кон улично насилство. Денеска велат: „Каде го сокри Вучиќ, комуњар си, избега во Крагуевац“. Еве ме, не побегнав, мислевте дека ќе се исплашам“, додаде претседателот на Србија.

Претседателот Вучиќ на крајот од своето јавно обраќање додаде дека, граѓаните воопшто не треба да се грижат бидејќи државата ќе го обезбеди најдоброто за својот народ.

Подготвено од М.Н.

About Author