10.02.2023 Скопје
Возилата на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини се претставуваат на саем во Калифорнија во рамките на Конференцијата за градски управи, која се одржува од 8 до 10 февруари во градот Карлсбад.
Возилата на БРАКО се пласираат на американскиот пазар преку фирмата-ќерка на БРАКО во Калифорнија и саемот е можност за ново организирано претставување пред градските власти во тој дел на САД.
Оваа конференција редовно ги снабдува со современи и неопходни информации членовите на раководствата на градовите и обезбедува широк ранг на новини и податоци кои го помагаат менаџирањето на градските средини.
Возилата веќе се набавени од повеќе градови во Калифорнија, како Сан Франциско, Лос Анџелес, Сан Диего, Сакраменто, Сан Маркос, Сан Бруно и други, а нарачки пристигнуваат и од други градови низ САД.
Подготвено од М.Н.