17.02.2023 Скопје
Војната во Украина, речиси една година по руската инвазија, и зголемените тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, ќе бидат во центарот на безбедносната конференција која што почнува денеска во Минхен.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон се меѓу 45-те шефови на држави и влади што пристигнаа на еден од најголемите собири за глобалната безбедност.
Годинава на конференцијата не се поканети руски претставници, а исто така не се поканети ни претставници на Иран, како одговор на бруталното задушување на протестите на жените во иранските градови.
Подготвено од М.Н.